Минималната плата денеска пред законодавно-правната комисија во Собранието

Сподели

 

Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Законодавно-правната комисија, каде на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Со овие измени со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

Откако ќе помине и на Законодавно-правната комисија, предлог-законот треба да се врати на пленарна седница за конечно усвојување.