Путин го свика Националниот совет за безбедност

Сподели

 

Рускиот претседател Владимир Путин го свикал Националниот совет за безбедност, поради загриженоста за кризата во Украина.

Како што соопшти портпаролот Кремљ Дмитриј Песков, ситуацијата во зоната на конфликтот е „исклучително тензична“.

– Ова ќе биде голема седница, изјави портпаролот и додаде дека Путин во текот на вчерашниот ден одржал повеќе меѓународни повици.