Османи: Шест македонски државјани ја напуштија Украина, преку Молдавија патуваат кон Бугарија

Сподели

 

Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
 
Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакуирани сите граѓани кои ќе побараат помош.
 

МНР претходно побара од оние кои не оставиле свои податоци веднаш да се јават во Министерството за да дадат прецизни информации за нивната локација со цел да се овозможи и нивна побрза евакуација.

Телефонскиот број кој постојано е активен во МНР е: +389 75 273 732