Османи: Семејството со новороденчето е извлечено од Харков

Сподели

 

Семејството со новороденчето е извлечено од Харков, не се излезени се уште од Украина, но се безбедни, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, образложувајќи дека тоа е долг пат којшто треба да се помине низ безбедни коридори.

Другите граѓани, посочи, ги комуницирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор.

– Меѓутоа, прашањето е што они не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор, поради безбедносни причини; немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ тој коридор, така што имаме неколку околности коишто ги имаме предвид, меѓутоа комуницираме за да создадеме коридори коишто се поблиску до нивното место на наоѓање, вели Османи.