Стадион Билјанини Извори, Охрид 1 Август
Миленикот на светската електро денс сцена, омилениот хедлајнер на Tomorrowland и Ultra Music фестивалите ширум светот, Nicky Romero за прв пат во Македонија ќе приреди ексклузивен сет, и тоа на први август- ноќта спроти големиот празник Илинден во Охрид.
Водечката холаднска диџеј ѕвезда зад себе има соработки со ѕвезди како: Tiesto, Fedde le Grand, Sander van Doom, David Guetta, Calvin Harris, Avicii и Hardwell, а неодамна се закити и со наградата MTV EMA за најдобар холандски изведувач (каде ги престигна неговите сонародници Tiesto, Armin van Burren, Hardwell, Fedde le Grand, Afrojack и др.).
Според листата на 100 најдобри светски диџеи, познатиот DJ Magazine го рангираше Romero во првите десет.
Nicky Romero во 2012-та станува популарен со мегахитот „Toulouse“ и оттогаш, неговата популарност оди во нагорен правец. Покрај продуцентската работа, моментално Romero е резидент и на најславните клубови на Ибица и хедлајнер на светските електронски сцени.
Белгискиот хитмејкер Lost Frequencies ќе биде специјален гостин на Nicky Romero. Творецот на двата најголеми летни хита „Are you with me“ и „Reality“ кои ги покорија речиси сите светски топ листи, за прв пат ќе настапи пред македонската публика со специјален 90 минутен сет. Станува збор за хитови кои заедно бележат преку 200 милиони прегледи на Youtube и се наоѓаат меѓу десетте најслушани песни изминатата година, според податоците од сервисите Shazam, Spotify…, каде што белгискиот продуцент Felix De Laet (како што му е полното име) се најде во друштво со хитмејкерите како што се Wiz Khalifa, Ellie Goulding, Kygo и Feder.
Билетите можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се и Тикет Плус, како и онлајн, по цени од 700 денари за ПАРТЕР и 990 денари за ФАН ПИТ.
Ултимативен урбан илинденски ивент кој не се пропушта!