Кинескиот Црвен крст ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од пет милиони јуани, или 791.540 долари, за Украина, изјави денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, јавија британски медиуми.
Руската инвазија врз Украина минатиот месец натера над два милионa Украинци да побегнат во странство. Оние кои останаа во Мариупол, многу брзо беа оставени без електрична енергија, парно, храна, како и вода за пиење, по бомбардирањето што трае повеќе од 12 денови.
Кина одби руските активности во Украина да ги нарече инвазија./МИА