Американскиот сенат го осуди Путин како воен злосторник

Сподели

 

Сенатот на САД едногласно донесе резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесува Дојче веле.

Длабоко поделениот Конгрес на САД покажа единство во случајот на Владимир Путин и едногласно ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател се осудува како воен злосторник. Освен тоа, резолуцијата ги осудува и Руската Федрација, Рускиот совет за безбедност, членовите на руската армија и други лица за флагрантни акти на агресија и други ѕверства кои одат до ниво на воени злосторства.

Со резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете партии, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите нации да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина./Дојче веле