Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата надржавава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 263 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 142 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.