Администрацијата денеска работи слободно и во интерес на сите граѓани

Сподели

Партизацијата, злоупотребата и притисоците врз вработените во администрацијата беа главна одлика на работата на ВМРО-ДПМНЕ којашто 11 години ги злоупотребуваше државните институции за остварување партиски и лични интереси, претворајќи ги институциите и министерствата во свои штабови.

Поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите и вработените во администрацијата, Македонија со години беше квалификувана како заробена држава.

Заврши времето кога административните службеници беа злоупотребувани да работат во интерес на партии и поединци.

Процесот на реформи во администрацијата што го спроведува Владата предводена од СДСМ обезбедува ослободување и професионализација на државната и јавна администрација. Постојат предизвици, но се преземаат сериозни чекори кон создавање на функционални институции коишто работат транспарентно и исклучиво во интерес на сите граѓани, а лицата вработени во нив ги извршуваат работните обврски независно и професионално.