Ахмети го поздрави новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Македонија

Сподели

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г. Али Ахмети, денес во Тетово  се сретна со Амбасадорот на Република Косово во Македонија, г. Ѓерѓ Дедај. 
Г. Ахмети му честита на Амбасадорот за именувањето Амбасадор на Република Косово во Скопје и изрази искрени желби за успех во работата и го увери г. Дедај за неговата лична и поддршката на Демократската Унија за Интеграција.
Ахмети и Дедај дискутираа за уставните измени, владеењето на правото, дијалогот Приштина- Београд и општо за политичката ситуација во земјата и регионот.
Претседателот Ахмети ја повтори потребата сите институции во земјата да дадат конструктивен придонес во насока на заокружување на процесот за имплементирање на Преспанскиот Договор и да не го попречуваат тоа.
Г.Ахмети изрази поддршка и за финализирањето на дијалогот помеѓу Косово и Србија во согласност со волјата на граѓаните спроведено од страна на демократските и легитимните институции во Косово.
Г. Ахмети истотака го поздрави формирањето на војската на Косово како чекор кон постигнување на евроатлантските стандарди. 
Соговорниците ги констатираа одличните односи помеѓу Македонија и Косово и се заложија за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката.