Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, на 30. септември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро, пред село Пештани.
Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина, информираат од Град Охрид.
Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, а целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.
фотографии – Општина Охрид