„Алкалоид“ донира 14.440.000 денари за реконструкција на УК за токсикологија

Сподели

 

„Алкалоид“ АД Скопје со донација од 14.440.000 денари, наменета за реконструкција на Универзитетската клиника за токсикологија, за оформување Интернистички ургентен центар.
 
Со потпишувањето договор во Министерството за здравство, денеска се официјализираше донацијата на „Алкалоид“ како знак на поддршка за пациентите од целата држава, во насока на олеснување на процесот на лекување и на подобрување на квалитетот на услугите во овој сегмент од јавното здравство. Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет – луѓето и здравјето пред сé – во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, „Алкалоид“ редовно и беспоштедно помага онаму каде е најпотребно.
 
Грижата за заедницата во која дејствуваме, за јавното здравје и за поголема и поквалитетна достапност на јавните здравствени услуги за пациентите останува наш приоритетен дел во рамките на агендата за општествена одговорност, дејствување кое претставува еден од најцврстите темели на 9-деценискиот раст и развој на „Алкалоид“ АД Скопје.