Британскиот јавен сервис БиБиСи објави резултати од тестирањето на вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ во САД, според кои оваа вакцина е безбедна.
Испитувањето се вршело на 32.000 доброволци од САД, но и од Перу и Чиле, а резултатите покажале дека ефективноста против SARS-CoV-2 е околу 79 отсто, додека вакцината е 100 успешна во превенција на сериозно заболување од ковид-19. Исто така, се посочува дека немало сериозни проблеми со згрутчувањето на крвта.
Една петтина од доброволците кои ја примиле „Оксфорд/Астра Зенека“ вакцината имале над 65 години, и ниту еден од нив немал нус-појави од примањето на вакцината. Станува збор за вакцина која се прима во две дози, со четири недели пауза помеѓу првата и втората.
Овие резултати се очекува да ги отстранат пречките кои беа поставувани за користење на оваа вакцина.
„Резултатите се исти со оние на Универзитетот Оксфорд. Можеме да очекуваме дека вакцините ќе имаат големо влијание во стопирањето на ширењето на КОВИД-29 кај сите возрасни групи“, вели Ендру Полард, главен истражувач на оксфордското тестирање.