Ангелоски: Машинскиот факултет создава кадар кој ќе ја гради иднината

Сподели

Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го прослави 65-годишниот јубилеј со свечен Научно наставен совет.

Деканот на Машински факултет д-р Златко Петрески го отвори настанот, на кој беше присутен Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, заедно со Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,проректорите, професорите на Машинскиот факултет и останатите вработени на факултетот, како и партнери од индустријата кои заедно го одбележаа овој јубилеј размислувајќи за децениската академска извонредност и придонес во научната област во Република Северна Македонија.

За својата посветеност кон развојот на научната мисла и мисијата на создавање на стручни и професионални кадри, во 1984-та година на Машинскиот факултет му е доделена наградата 11-ти Октомври, како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката. Низ годините, започнувајќи уште од самото формирање, Машинскиот факултет оформи свои специфичности кои во најголем дел се поклопуваат со визиите на неговите основачи, специфичности кои го рефлектираат стекнатото искуство на одговорно работење и пристап кон постојан раст и развој. Факултетот денеска во својот состав има шест институти и еден оддел, а секој од институтите располага со соодветно опремени лаборатории кои ги има вкупно 20 на број. На Факултетот досега дипломирале 8.891 инженер, од кои 827 магистрирале, а 185 докторирале. Во моментов Машинскиот факултет има капацитет да едуцира 1.200 студенти на 10 студиски програми на првиот циклус на студии, 100 студенти на 15 студиски програми на вториот циклус и 20-тина студенти на третиот циклус на студии.

,,Како Декан на факултетот, ве уверувам дека ќе направиме сѐ што е во наша моќ Машинскиот факултет и во иднина да остане во тек со светските трендови кои се случуваат во науката и едукацијата во полето и областите кои се предмет на наш интерес. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање кадри кои ќе бидат способни да ја носат иднината на грбот на своите компетенции и знаења” – истакана Петрески.

На настанот во своето обраќање Ангелоски посочи “Инвестициите во личната и колективната едукација се неопходни за достигнување на личните и професионалните успеси. Во областите на мојот професионален ангажман континуираната едукацијата безусловно е потребна заради
комплексноста и интердисциплинарноста на прашањата со кои се соочувам особено во менаџирањето на семејната компанија во сектор машинска индустрија која ја водам повеќе од 20 години. Секогаш сум инспириран да научам нови нешта и да стекнам нови вештини со кои
креирам нови визии за развој на бизнисот на патот кон достигнување на поставените компаниски цели,Со растот на технологиите, глобализацијата и конкуренцијата, сопствениците на компании, и менаџерите и сите оние кои сакаат да напредуваат мораат да се надградуваат со нови знаења и вештини за да ги водат компаниите кон успешен и продуктивен развој”.

Прославата имаше клучни говори од истакнати алумни и индустриски лидери, а настанот, исто
така, послужи како платформа за откривање на идните иницијативи насочени кон одржување на
наследството на извонредност на факултетот и поттикнување на следната генерација инженери, кој ја истакна неговата богата историја и придонес во оваа област.