Апелација ќе одлучува за казните на Бојан Јовановски и на Катица Јанева

Сподели

 

Апелациониот суд денеска ќе одлучува по казните на осудените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Апелацискиот суд во Скопје за денеска закажа седница која ќе се одржи по 11 месеци, откако беше изречена пресудата од Основниот кривичен суд – Скопје на 18 јуни 2020.

Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор. Тие имаа право на жалба, и го искористија тоа право, со што сега Апелација може да ги потврди казните со што би станале правосилни, но може предметот да го врати на повторно судење.

Обвинетите Јовановски и Јанева се во домашен притвор.