Апелација му го продолжи притворот на Чавков, Дамовски и Илиевски во куќен притвор

Сподели

Апелациониот суд по одржани јавни и нејавни седници во однос на жалбите на осомничените за 27. април, кои се жалеа на одлуката на Кривичниот суд да им биде продолжен притворот за уште 30 дена, донел одлуки и на шест лица им го укинал притворот и го заменил со куќен притвор и одземање на пасошот.

Од притвор излегува пратеникот Љубен Арнаудов, организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски Бетмен, Јане Ченто, Оливер Радулов и Иван Цветановски.

Апелација не ги прифатила жалбите на поранешниот министер за внатрешни Митко Чавков кој останува во притвор и уште четворица осомничени Горанче Ангеловски, Сашо Марковски, Илија Славевски и Вилијам Михајловски. Одбиена е и жалбата на пратеникот Јохан Тарчуловски кој останува во куќен притвор.

Денеска Апелација ги разгледува жалбите на пратеникот Сашо Василевски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски и Митко Пешов.