Завршна презентација на проектот ABOVE CBC – 2 помеѓу АППТ од македонска страна и Туристичката организација на Солун, во соработка со Грчко – Италијанската туристичка комора.
„ОД ГОРЕ“ ги прикажува најдобрите природни и географски знаменитости на спектакуларен начин, користејќи технологија на беспилотни летала. Со дронови се покриваат пред се ретки природни предели како речни патеки, планински патеки, шумски патеки, патеки за велосипеди, пешачки патеки, планински погледи, кањони, водопади, езера над и под вода и др. предели кои не се опфатени со Google Street View. „ОД ГОРЕ“ проектот ги опфаќа регионалните единици на Лерин, Пела, Кукуш, Серес и Солун, како и регионите на Пелагонија, Вардар, Југоисточен и Југозападен, покривајќи ги 100% од подобната област на самиот проект.