На АТП 500 турнирот во Хејл Роџер Федерер ја забележа 52. победа на турнирот, откако го победи германскиот тенисер, Јан-Ленард Штруф со 6-4, 7-6.
Во првиот сет одлучи еден брејк, кој го направи Швајцарецот за да поведе со 1-0. Во вториот се играше гем за гем, се до тај-брејкот, во кој Федерер одигра одлично и ја круниса победата.
Ова беше 19. натпревар за швајцарскиот тенисер оваа година, што е мала бројка, како последица на повредата на грбот.
Федерер избори и 14. четвртфинале на турнирот од исто толку обиди. Во следното коло, третиот тенисер во светот ќе игра против Малек Џазири од Тунис.
Па така двојките за четврфтфиналето се Колшрајбер-Карловиќ, Стаховски-Гофин, Федерер-Јазири и Тием-Габашвили.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=5uNW0D65D_I]
The post АТП 500 Хејл: Федерер избори пласман во 1/4 финалето! appeared first on Спорти.
Source: Sporty