Патнички авион на „Американ ерлајнс“ во 21 часот по локално време, со 64 лица се судрил со воен хеликоптер на американската армија Блек Хок во близина на националниот аеродром Реган во околината на Вашингтон, непосредно пред слетување на авионот Аеродромот „Роналд Реган“ во поради инцидентот синоќа беше затворен.
Околу 300 спасувачи ја пребаруваат замрзнатата река Потомак, каде што се урна авионот. Нуркачки тим пронашол една од црните кутии од патничкиот авион. Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија била меѓу предметите што ги пронашле.

Потрагата по телата и можните преживеани продолжува.
За инцидентот бил информиран и претседателот Доналд Трамп.
„Господ нека ги благослови нивните души. Благодарност за неверојатните напори на нашите екипите за итна помош. Ја следам ситуацијата и ќе споделам повеќе детали кога ќе станат достапни“, изјави Трамп.
