„Поради големиот број човечки животи загубени во вчерашната трагична сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово, 14 и 15 февруари се прогласени за Денови на жалост“ соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Од Агенцијата ги повикаа радиодифузерите „да ја прилагодат програмата, така што музиката ќе биде од жанрови соодветни за денови на жалост. Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање“ – стои во соопштението на АВМУ.