Австрискиот уставен суд пресуди дека претседателските избори мора повторно да се одржат. Екстремно десничарскиот кандидат Норберт Хофер изгуби со мала разлика.
Хофер, која беше кандидат на Слободарската партија, изгуби за 31.000 гласови од Александер ван дер Белен, поранешен професор по економија, кој ја доби поддршката на Партијата на зелените.
Конечното пребројување на гласовите покажа дека Ван дер Белен освоил 50,3 отсто од гласовите, додека Хофер 49,7 отсто. Сепак, Австрискиот врховен суд пресуди во полза на Слободарската партија, која, наводно, регистрирала нерегуларности при броењето на гласовите.