Државата е во тешка финансиска состојба – предупредија економските експерти. По речиси дваесетина години макроекономската стабилност, станува проблематична стабилност на денарот и платниот биланс. Според нив, Македонија наликува на пациент кој е приклучен на апарати, на кого постојано му треба зголемена финансиска инфузиска доза. Оној момент кога одделни инвеститори во државни обврзници решија да ги повлечат своите пари и да не инвестираат во нови обврзници, болниот буџет почна тешко да дише.
На тој начин стана видно од кого зависеше опстанокот на оваа власт или поточно речено, кој ја оддржуваше подолг период: повеќето македонски банкари и бизнисмени кои со помош на режимот државата ја молзеа и цицаа до гола коска.
