БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да вршат уплати на фактури за топлинска енергија и други услуги на БЕГ преку експозитурите на банката и поштенските единици на „Пошта“ која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.
Фактурите за топлинска енергија и други услуги на БЕГ потрошувачите можат да ги платат на следните начини:
- онлајн плаќање без провизија со користење на услугата BegEPay (Плати сметка) за електронско плаќање на веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/
- плаќање без провизија, во наплатните центри на БЕГ
- користење на траен налог
- плаќање во сите други банки