Битолската болница сама бара дополнително комисија од здравство да го испита случајот со малата Јана

Сподели

 

Битолската клиничка болница денеска ќе побара напоредно и Комисија од Министерството за здравство да го испитува случајот со малата Јана, која завчера почина во  битолската болница, пренесува апла.мк.

Александар Обедниковски, директор на болницата за Апла.мк вели дека според Законост за здравство ќе побара испитување на случајот и од Комисја на МЗ.

Денеска  д-р Обедниковски е во Скопје на средба со министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.

Во меѓувреме од утрово во Битола  Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши инспекциски надзор за случајот со починатото девојче во Клиничка болница Битола. 

Обдукцијата врз починатата јана заврши вчера за во наредните неколку недели ќе следат резултатите од Битолското обвинителство од што настапила смртта.