Претседателот на Сојузот на борците од НОБ на град Скопје, Наум Бурески, на Државниот архив му додели Благодарница за посебен придонес и поддршка во остварувањето на целите и задачите на Сојузот на борците.
На средбата со директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и колеги од Градскиот архив, претседателот, Наум Бурески евоцираше спомени од револуционерното минато.
Притоа беше договорена и натамошна соработка за чување на документи и архивски материјали со кои располага Сојузот на борците заради нивна заштита и негување и развивање на традициите од НОБ.