Блинкен: НАТО земјите може да испратат борбени авиони во Украина

Сподели

 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина.
Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, на прашањето дали Полска, како членка на Алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло“ за тоа.

„Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина“, рече Блинкен.