Болсонаро сака помош за пожарите, ама владата да ги контролира тие пари

Сподели

 

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, е отворен за добивање странска помош поради големите пожари во Амазон, но само доколку неговата земја ги контролира тие пари, изјави неговиот портпарол, пренесоа светските новински агенции.

„Бразилската влада преку претседателот Болсонаро е отворена за добивање финансиска поддршка од организации или држави. Суштинска поента е дека овие пари, по влегувањето во Бразил, се под контрола на бразилскиот народ“, изјави пред новинарите портпаролот Отавио Рего Барос, пренесе новинската агенција АФП.

Болсонаро вчера ја отфрли понудата на Г7 за 20 милиони американски долари за борба против пожарите во Бразил и Боливија, одговарајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да се грижи за неговиот дом и за неговите колонии“.