Бомба рецепт, за подобрување на крвната слика и слабост
Ако подолго време мачите мака со неа, со овој рецепт ќе почувствувате подобрување.
Народната медицина тврди дека ви требаат само неколку состојки од кои ќе направите вкусна и здрава мешавина.
Потребни состојки:
- 200ml мед
- 200g ореви
- 200g суво грозје
- 200ml сок од морков
- 200ml сок од цвекло
- 2 лимона
Подготовка:
Лимоните преполовете ги и исчистете ги од семките, па потоа сомелете ги во блендер со или без кора, по желба. Во нив додадете ги соковите и медот и промешајте. На крајот додадете ги мелените ореви и суво грозје.
Ќе добиете околу 1 килограм лековита смеса која може да ја чувате во стаклени тегли, на ладно.
Начин на употреба:
Консумирајте по 1 шолја секое утро на празен стомак.