Британски новинар незабележливо ја поминал сигурносната зона на стадионот во Марсеј

Сподели

euro2016

Репортер на британскиот таблоид „Сан“ успеал да се инфилтрира во сигурносната зона на стадионот Велодром во Марсеј без никој да го запре.

Рос Кембел успеал незабележливо да пројде до местото на стадионот каде никој не смее да има достапност без акредитација, наведувајќи дека на својот пат не наишол на ниту една проверка, иако француските власти уверуваат дека се преземени сите мерки за ги спречат „непоканетите гости“ и евентуалните терористички напади.

Тој влегол во стадионот низ влезот за автомобили и таму никој не го спречил. Кембел вели дека можел слободно да шета низ стадионот 20 минути без никаква контрола и додава дека не забележал сигурносни камери.

Француските власти поради страв од терористички напади за време на Европското првенство во фудбал, најавија дека ќе воведат до сега невидени мерки за контрола, за кои ќе потрошат, само во Марсеј околу 1,85 милиони евра.

Околу стадионот Велодром би требало да циркулираат околу 1.000 полицајци и 1.850 припадници на обезбедувањето, додека најмалку стотина војници ќе бидат распоредени во градот.

Британски новинар незабележан ја поминал сигурносната зона на стадионот во Марсеј