“Достигнавме два милиони вакцинации”, објави на инстаграм синоќа премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
„Ова е заеднички успех на сите нас – лична одговорност на граѓаните и можноста на државата да набави вакцини и да спроведе масовна имунизација. Мора да бидеме свесни дека ова во никој случај не е крај, туку голем чекор во правилна насока. Носењето маски и одржувањето дистанца сѐ уште се задолжителни“, напиша Брнабиќ.
“Вакцинирањето и почитувањето на епидемиолошките мерки ќе доведат до конечна победа над коронавирусот” – изјави Брнабиќ.