Бурно станува во ПСЖ – Мбапе имал жестока расправа со претседателот Насер!

Сподели

Loading

Француските медиуми открија детали од бурната средба меѓу Килијан Мбапе и претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи.

фото: AFP

Килијан Мбапе упорно одбива да го продолжи договорот и тоа воопшто не им се допаѓа на парижаните.

На почетокот на август се случи драматична средба меѓу претседателот Насер Ал Келаиф и млад француски фудбалер.

Според извори на „Л’Екип“, првиот човек на ПСЖ наводно му рекол на Мбапе:

,,Повеќе нема да играш, нема да се предадеме’, алудирајќи на неговото исклучување од тимот.

Наводно, Мбапе жестоко одговорил:

,,Ќе видиш, ти ќе бидеш единствениот претседател кој нема да ме пушти да играм…

Беше крајно бурна средба, сепак, три дена подоцна Килијан беше вратен во тимот и ќе биде во составот за денешниот натпревар против Тулуз.

фото: EPA/Cristophe Petit Tesson

Очигледно по кавгата страстите малку се смирија и богатиот газда на ПСЖ реши да попушти.

Мбапе се уште не сака да го продолжи договорот и е решен следното лето да го напушти францускиот клуб без обештетување.

The post Бурно станува во ПСЖ – Мбапе имал жестока расправа со претседателот Насер! first appeared on .

The post Бурно станува во ПСЖ – Мбапе имал жестока расправа со претседателот Насер! appeared first on .

Powered by WPeMatico