И Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до граѓаните, припадници на бошњачката заедница во РС Македонија”.
“Дозволете од име на пратениците во Собранието на РС Македонија и од мое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците со желба празничниот ден да го поминете во добро здравје и расположение, во семејна благосостојба и напредок на Вашите најмили.
Тоа што бошњачката заедница е дел од нашето мултиетничко општество е само уште еден позитивен влог повеќе во нашата заедничка држава која се вбројува во редот на државите пример по тоа што знаат како да ги почитуваат различностите меѓу себе, знаат како да ги исползуваат придобивките и убавините од тие различности кои кога се преплетуваат меѓу себе создаваат цврста основа за градење на силна и напредна држава во која секој граѓанин е насочен кон една единствена цел – Република Северна Македонија, полноправна членка на европското семејство на народи. Земја во која секој поединец се чувствува дома, работи, придонесува и секако ги ужива истите права.
Драги граѓани Бошњаци, не е спорно дека заедно сме поминале многу предизвици и тешкотии. Секако дека такви не очекуваат и во иднина. Меѓутоа, многу е полесно кога сите сме заедно на истиот тој брод кој што ја носи државата напред а нашите граѓани ги уживаат европските стандарди дома, кај што е секогаш најдобро.
Нека е честит 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците!”