Д-р Беќаровски: Не ме послушавте! Не верувавте и навредувавте!

Сподели

 

Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски апелира лицата кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат, бидејќи коронавирусот е раширен.
 
На својот ФБ профил тој објави:
 
 
 

 

„На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во Македонија да имаат негативен тест или да се вакцинирани. Не ме послушавте. На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518. Не верувавте и навредувавте. На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен. Настинката“ не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време. Знам дека нема да ме послушате!“, пишува д-р Беќаровски.