Д-р Михајлова: Колеги починаа од коронавирус. Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“?

Сподели

 

Претставници на лекарската фела се згрозени од пораките кои се пренесуваа на вчерашниот протест. 

Д-р Марија Михајлова реагира на фактот дека на протестот се извикувало дека лекарите се убијци, кога токму лекарите една и пол година постојано работат со ковид-пациенти и се борат за секој живот, ризикувајќи го својот.

 

 
Речиси никогаш, како тим, немаме реагирано на коментари и пишувања. Но, ова ги преминува сите граници. Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги. Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот. Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирус. Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот.
Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“?
 
Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не.. Но не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска. Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова воља.
Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „убијци“? Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите.
 

– Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот. Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“? – пишува Д-р Марија Михајлова на Фејсбук.