Дали е можно?! – Најгледаните осум меча во историјата на Евролигата се на КК Партизан!

Сподели

Loading

Партизан  во дуелот од 30-тото коло од кошаркарската Евролига убедливо го совлада лидерот во лигата, Олимпијакос со 90-75 и е на чекор до пласман во Фајнл 8 од елитното натпреварување.

Но, она што е особено впечатливо од таа игра беа сликите од белградска Арена. Повеќе од 20 илјади гледачи направија неверојатна атмосфера пред која паднаа дури и моќните Грци.

,, Ова се моменти кои ќе ги паметиме до крајот на животот“, изјави по натпреварот тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

Статистичарите пресметаа дека натпреварот е шести најпосетен во историјата на Евролигата. Да биде работата поневеројатна, од првите осум најгледани во историјата на Евролигата, сите осум се домашни натпревари на Партизан.

Најпосетениот натпревар во Евролигата досега е легендарната пресметка помеѓу Партизан и Панатинаикос од 2009 година.

Тогаш црно-белите за првпат стапнаа во Арената пред дури 22.567 навивачи. Интересно, на таа средба беше и Жељко Обрадовиќ, но на спротивната страна како тренер на грчкиот великан.

Ова се НАЈГЛЕДАНИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО Кошаркарската ЕВРОЛИГА: 

Сезона 2008/09 Партизан – Панатинаикос (22.567)
Сезона 2013/14 Партизан – Реал Мадрид (21.374)
Сезона 2009/10 Партизан – Макаби (21.367)
Сезона 2008/09 Партизан – ЦСКА (21.352)
Сезона 2009/10 Партизан – Макаби (20.783)
Сезона 2022/23 Партизан – Олимпијакос (20.003)
Сезона 2022/23 Партизан – Фенербахче (19.661)
Сезона 2022/23 Партизан – Макаби (19.011)

The post Дали е можно?! – Најгледаните осум меча во историјата на Евролигата се на КК Партизан! first appeared on .

Powered by WPeMatico