Дарко Панчев од денеска и официјално е спортски директор на ФК “Вардар”. Оваа функција остана празна откако Гоце Седлоски таа позиција ја замени со тренерската во клубот.
На прес-конференција одржана денеска Панчев беше претставен пред медиумите.
– “Вардар е добро позициониран клуб. Ќе работиме напорно и ќе се обидеме во блиска идинина да направиме добар резултат во Европа. Целта е достижна според условите што ги има Вардар, но секако ни треба време”, изјави Панчев.
Покрај резултатите на меѓународен план, една од целите е и формирање млади играчи во школата на Вардар.