Неслучајно сме родени тука, прифатете го повикот на македонската република и направете ги вистинските промени!
Време е за нова македонска република, за европска македонска република, за република на одговорни политичари, на среќни граѓани, добро образование, правна држава, оти тоа е европскиот атрибут. Република во која ќе се направи разлика меѓу оние кои се стручни и компетентни, ќе води грижа за најдобрите млади луѓе и ќе им овозможи враќање на најдобрите!
Станаа политички хиени, сè грабаат, немаат разбирање ни за пензионерите, ни за студентите, ни за лица со посебни потреби, ни за сиромашни, а се викаат социјалдемократи. Ова стана држава на социјални случаи, мораме да ставиме крај на тоа!
ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова