Демократски сојуз: Честит празник на сесловенската писменост и култура

Сподели

 

Демократскиот сојуз на сите Македонци и граѓани на Македонија им го честита празникот Свети Климент Охритски, еден од најсветлите датуми на сесловенската писменост. Свети Климент Охридски е светец, учител, писател и просветител на Македонците и Словените. Тој е најистакнат следбеник и ученик на Свети Кирил и Методиј, како и основач на првиот Словенски Универзитет во Охрид.

Свети Климент е и столб на Македонската писменост, кој живеел и творел во Деветиот век во Охрид и пошироко во Македонија.