Демократскиот сојуз на сите православни верници и на сите граѓани на Македонија им го честита Велигден, најголемиот христијански празник.
Годинава верниците празникот го слават во своите домови, обединете сите во желбата, пандемијата да ја победиме и да се нормализира и продолжи животот како и пред тоа.
Во историјата досега не се случило верниците да не можат да отидат до црквите и манастирите, да ги сослушаат молитвите, да се поклонат пред Христа и да се помолат за добро здравје, соживот и мир.
Но оваа вонредна и кризна состојба, почитувајќи ги препораките за дистанца, ќе ја надминеме и ќе излеземе од неа посилни, единствени и сплотени.
На сите верници им посакуваме добро здравје, меѓусебно разбирање и почитување и фамилијарен мир.
Христос воскресна!
Навистина воскресна.