ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Да не учествуваме во предизборната кампања во Бугарија

Сподели

 

Демократскиот сојуз смета дека политичарите од Република Бугарија водат предизборна кампања преку манифестирање на национализам против Македонија, Македонскиот народ и јазик. Партиите кои се со силна антимакедонска кампања, за жал, веќе го зголемија партискиот рејтинг, независно од штетата што ја направија помеѓу двете држави и народи.

Секојдневно пласираат дезинформации и невистини, ја редефинираат историјата, образложуваат зошто Бугарија ставила вето на евроинтегративниот процес на Македонија и во суштина носителите на високи партиски и државни функции во Бугарија се натпреваруваат со тешки навреди спрема Македонскиот народ, а крајната цел е да добијат политички поени.

Ваквата предизбирна кампања и натаму ги труе и влошува односите помегу двете држави, но таа кампања е поефективна доколку сите тие национал-шовинистички изјави јавно ги коментираме.

Наш став е дека треба да ги оставиме тие самите да се гушат во национализамот и ниското ниво на комуникација. Фрлајќи кал по нас тие ќе заглават во истата.

Македонија е суверена држава, со своја автентична историја, народ и јазик.

Наместо да кукаме, ние треба како држава да подготвиме Акциски план за приоритетните реформи и имплементација на европските вредности и да се движиме по патот кон Европската Унија.

Потребни се реформи на судскиот систем, ефикасна борба против криминалот и се разбира справување со пандемијата и прилагодување на економијата во услови на тешка здравствена криза.

denesmagazin.mk