Во Куманово денеска е ден на жалост по повод трагичниот настан во Романовце, каде во експлозија на плинска боца загинаа три деца, а подоцна на повредите им подлегна и 58-годишен маж.
Вкупно беа повредени седуммина кои поради сериозноста на повредите се лекуваат на скопските клиники, а дел од нив се во тешка здравствена состојба.
Знамињата се спуштени на половина копје, а одложени се културните, спортските и забавните манифестации.