Натписот „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда, и се очекува наскоро на неговото место да се постави натпис „Влада на Република Северна Македонија“.
Се очекува денеска да почне промената на натписите и таблите на државните органи, и Собранието.
Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе биде граничниот премин „Богородица“, главниот премин на границата со Грција.