Премногу месеци во идеи, предлози и размислувања
Деновиве зачестено се посакува приватните болници да отстапат дел од капацитетите во интерес на ковид заболените. Поразителноста е огромна што се губи време кога секоја минута е драгоцена.
Без да ме разберат погрешно менаџерите, вработените и газдите на приватните болници а со цел да ме разберат дека воопшто немам намера да се мешам и сугерирам во нивната политика вака јас размислувам.
Цената на еден болнички ден е во многу евра и за таа сума верувам дека нивните пациенти добиваат одлично сместување, болнички третман и сигурно дневен избор од мени со превкусни јадења. Па за да бидат примени пациентите кои би биле на товар на фондот еве нека доручкуваат кифла и јогурт, за ручек нека е супа од петел и ориз, за вечера нека е кроасан со чај.
Не мора никакви посебни оброци да добијат, нека биде фондовско мени.
АМА ПРИМЕТЕ ГИ!
Не дозволувајте да поминат уште денови во предлагања, планирања и очекувања. Хуманоста се покажува во вакви моменти. И најубаво е ако биде искрено искажана а не да треба да биде со наредба.
Не се гледа на добивката која верувам дека и така ја имате и повеќе од доволно. Сите на некој начин имаме загуба дали временска, дали материјална, образовна или друг вид.
Секоја загуба, па и паричната е надоместлива.
Но не и човечката. Таа е неповратна. Животот нема повратна карта. Но вие можете да се вклучите и да им го одложите прераното искористување на таа карта на многумина.
Затоа да бидеме сите хумани и во функција на здравството, заштитата на човечкиот живот и на што побрзото излегување од оваа доооолга и тешка ситуација. Да ги обезбедиме сите потребни капацитети за нашите сограѓани. Секој од нив сме и самите ние.
А тоа би успеало успеало само ако е ЗАЕДНО.
СИТЕ ХУМАНИ ЗА СЕКОЈ ЕДЕН ЗНАЧАЕН И ДРАГОЦЕН ЖИВОТ!!!
Ваш, Денис Јанкуловски
фб статус