Детскиот фестивал “ПОТОЧИЊА 2021” утре на Школка

Сподели

 

По подолго време, поради ситуацијата со коронавирусот, на радост на најмалите, Детскиот фестивал Поточиња повторно на отворена сцена и пред публика ќе го одржи своето 18 издание.

 

 

Популарниот фестивал, на големо задоволство на децата, оваа година ќе се одржи на 3 јули, на Школка во Градскиот парк со почеток од 11:00 часот.

Од организацијата, Пап продукција, информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца – учесници, кои пак со многу љубов, труд и посветеност земаа учество во новото издание.

 

 

На публиката ќе ѝ бидат претставени новите единаесет песни, а низ фестивалската приказна ќе ги води популарната маскота „Поки“.

Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид – 19.

Детската песна и смеа не смеат да престанат! Се гледаме на ПОТОЧИЊА 2021!