Џафери-Фон дер Лајен: РС Македонија има постигнато многу и треба да продолжи по европскиот пат

Сподели

 

Претседателот на Владата Талат Џафери денеска во Брисел се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Премиерот Џафери е во прва работна посета на Брисел и ја предводи владината делегација составена од првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На средбата се разговараше за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, случувањата во Северна Македонија во врска со одржувањето на претседателските и парламентарни избори, како и за тековните состојби во регионот.

Во таа насока, беше констатирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Премиерот Џафери истакна дека, Владата во следниот период ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост, да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, како и дека Владата ја подржува започнатата постапка за измена на Уставот, за што посветено ќе работат да се обезбеди потребното мнозинство.