Џафери: Поддршка во барањата за остварување на работничките права

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери до граѓаните упати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот, Први мај.

“Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации. Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители. Ниту еден економски напредок не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал. Во овие денови исполнети со предизвици и неизвесност предизвикани од Коронавирусот, вредноста на работниците е уште поскапоцена.

Затоа драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Денот на трудот и да ја искажам мојата поддршка во барањата за остварување на Вашите работнички права” – се наведува во честитката до граѓаните.