Џафери-Васало: Заврши ЕУ-проектот за „Поддршка на Собранието во имплементацијата на реформите“

Сподели

 

Денес претседателот Џафери имаше протоколарна средба со заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, г. Јулиан Васало, меѓутоа оваа средба воедно означуваше и завршување на двогодишниот проект финансиран од Европската Унија „Поддршка на Собранието во имплементација на реформите“.

На средбата покрај претседателот Џафери, присуствуваше и Генералниот секретар Иванова и двајцата експерти кои го спроведуваа проектот, г. Едмонд Милетиќ и г. Тибор Драшковиќ.

 

 

Претседателот Џафери даде краток вовед за минатиот период на соработка со Делегацијата на ЕУ, истакнувајќи при тоа задоволство и благодарност за придонесот во постигнувањето на резултатите и реформите во Собранието.

Г. Васало се заблагодари на приемот и нотираше дека Собранието, и покрај збиената агенда, овие две години направи многу во насока на отчетноста, транспарентноста и функционалноста  за што е потврда и Извештајот за напредокот на земјата и затоа се согласи со претседателот Џафери дека сосема е заслужено да очекуваме одлуката на Советот во октомври да биде позитивна.

Двајцата експерти се заблагодарија на соработката и професионалниот однос на собраниската служба и потврдија дека Собранието има одлична основа за постигнување на поставените цели, односно финансиска независност, независна служба и обезбедување.