Џуронг ги испрати првите снимки од Марс (ВИДЕО)

Сподели

 

Кинескиот истражувачки ровер на далечинско управување Џуронг, вчера се спушти од својот лендер на Марс и тргна во истражување на површината на Црвената планета, соопшти кинеската вселенска агенција.

Кинескиот Џуронг тежи 240 килограми, има вградено шест научни инструменти, вклучувајќи и камера за топографија со висока резолуција, па ќе ги проучува површинските почви и атмосферата на планетата.

Кина стана втората нација по САД да постави возило на оваа планета. Поранешниот Советски сојуз исто така спушти истражувачко возило на Марс во 1971 година, но ја изгуби комуникацијата со него по неколку секунди.

 

 

https://youtu.be/Gq3bC6V0hAQ

Од мисијата се очекува во текот на 90 дена да истражи дали постојат докази за живот на Марс.