Дигитализација на винтиџ филмови во Кинотека

Сподели

 

Мобилно евтино дигитализирање на винтиџ филмови – MobiReel Erasmus+ проектот го имаше својот втор Транснационален партнерски состанок во Скопје, Македонија.

 

 

Средбата се одржа во Кинотеката на Северна Македонија.

 

 

Беше разговарано за Методологијата на проектот за евтина дигитализација на филмови, Рамка на компетенции и развој на единици за обука, а исто така беа претставени првите развојни стапки во системот за управувано учење. Учесниците имаа задоволство да ја обиколат Кинотеката и да го видат работниот тек на институцијата.

Беше проектирана и проекција на неодамна дигитализираниот етнолошки филм со име „Велигденски обичаи“.