Доаѓа еден активист на ГДОМ кај очен лекар. -Докторе, го губам видот. Се` гледам некако матно!
Лекарот го прегледува и го прашува: -Дали гледате премногу телевизија?
-Да, докторе, до доцна во ноќта. Ги гледам сите вести на Сител, Канал 5, Алфа, МТВ!
Докторот: –Ништо страшно. Ќе ви препишам терапија!
А, од што боледувам докторе?
Докторот: – Мислам дека се работи за обично политичко слепило. Одбегнувајте ги што повеќе можете овие канали и видот побрзо ќе ви се поврати!